Играч на Пелистер е МВП на колото во АБА 2 лигата

Кошаркарот на Пелистер Донтеј Карутерс го доби признанието за најкорисен играч во 12. коло од АБА 2 лигата. Тој постигна 23 поени, 9 асистенции и по 5 скокови и украдени топки за индекс 35, највисок во овој круг.

Карутерс е прв играч на Пелистер што е прогласен за играч на колото во АБА 2 лигата оваа сезона откако претходно ТФТ Моцарт два пати имаше такви играчи: Александар Костоски во шестото и Трент Батрик во десеттото.

Интересно е тоа што во ова коло се истакна уште еден играч на Пелистер, Кенет Карпентер кој имаше трет највисок индекс (31).

Претходна вестЈокиќ урна рекорд стар 55 години
Следна вестПремиера на театарската претстава „На отворено море“ во Битола