21-годишна девојка во полиција пријавила дека била претепана од нејзиниот вонбрачен сопруг и од уште едно лице. Претходно девојката била насилно внесена во автомобил.
– На 10.03.2023 во 11,00 часот во ОВР Прилеп, 21 годишна прилепчанка пријавила дека на 09.03.2023 околу 17,00 часот во Прилеп од страна на нејзиниот вонбрачен сопруг М.А. била насилно внесена во патничко моторно возило „голф“, по што тој и Д.А. физички ја нападнале, а употребиле и тврд предмет, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.