Здравството како и Македонија го водат луѓе без план за граѓаните. Здравството го водат луѓе кои имаат план само за лични интереси. Секоја постапка се случува или не во зависност од тоа дали имаат интерес, посочи ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
-Ова резултира со негрижа за граѓаните, за пациентите. Требаше да почине пациент со цистична фиброза за да се освестат. Надлежните заплеткани во лаги набавија лек само за осум пациенти. Сите останати со оваа болест се изиграни. Станува збор за 120 пациенти на кои исто им треба лекот Трикафта, но за нив нема. Не и биле во план на криминалната екипа на Димитар Ковачевски. Овие ликови на Ковачевски си тераат само пи ар.
Не дека се нема пари, ама не ги интересираат граѓаните. Колку за илустрација Владата загуби 18 милиони евра од пропаднатата еврообврзница, Владата треба да плати отштета околу 20 милиони евра за прекин на договорот за изградба на нов клинички Мајка Тереза.
Само по овие два основи, односно поради неодговорната власт пропаѓаат околу 40 милиони евра!
Граѓаните плаќаат висока цена за нивната неодговорност. На граѓаните им требаат одговорни политичари. Политичари кои ќе се грижат за нивното здравје. Затоа оваа криминална екипа на Ковачевски мора да замине!, се наведува во соопштението на опозиционерите.