Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да учествува на УС Опен во САД. Горниот дом на Соединетите Американски Држави со 68 гласа „за“ донесе одлука за прекин на вонредната состојба поради коронавирусот.
Се очекува актуелниот претседател Џо Бајден да ја одобри и потпише оваа одлука.
Вонредната состојба секако требаше да се укине во мај, што значи дека невакцинираните странци ќе можат без проблем да влезат во Америка.
Ова значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на летната американска турнеја, Мастерсот во Синсинати и Ју-ес Опен од 28 август до 10 септември.
Како невакциниран странец до сега Ноле не можеше да се натпреварува на турнири.