Ќе се делат ли во Скопје субвенции од по 3.200 евра за еко-возила за граѓаните и за таксистите?

За предлогот граѓаните и таксистите да добијат субвенции од по 3.200 евра за набавка на еко-возила денеска ќе се изјаснуваат советниците во Советот на Град Скопје. Зад предлогот стои скопската градоначалничка Данела Арсовска која денеска апелираше предлогот да биде прифатен.

На прес-конференцијата таа потенцира дека Градот Скопје мора да биде модерен град во кој хуманото живеење, квалитетен и стандардизиран транспорт, имплементација на иновации за заштита на животната средина не се исклучок туку секојдневие. Таа додаде дека се работи за реализација на програмата „За Модерно Скопје“ која ја избраа 120.000 граѓани на градот Скопје.

-Пред советниците денес ќе се најде одлука која тие треба да ја гласаат за субвенционирање при набавка на нови еко возила на хибриден или електричен погон за граѓани и за такси-превозници, пилот проект кој за прв пат се имплементира во Македонија и со кој градот Скопје ќе субвенционира 200.000 денари по возило. Овој проект на градот Скопје е дел од ветувањата од програмата „За Модерно Скопје“ а во оваа фаза го лансираме како пилот проект со кој се детектираат потребите и интересот кај граѓаните. На овој начин ќе се придонесе за дополнително намалување на загадувањето особено во сегментот од испуст на издувни гасови во атмосферскиот воздух од возилата, а едновремено има компонента на поттик на модернизација на јавниот такси превоз во главниот град по примерот на Европските метрополи, потецнира Арсовска.

Во предложените одлуки е наведено дека за субвенционирање на граѓаните и на таксистите се предвидени по 5 милиони вденари, односно, по околу 80.000 евра. Тоа значи дека субвеници од по околу 3.200 евра ќе можат да добијат по 25 граѓани и 25 таксисти. Едно такси здружение може да добие субвенција најмногу за пет возила.

Претходна вестЃоковиќ ќе може да игра во САД, забраната е укината!
Следна вестИ официјално, македонскиот репрезентативец Адеми е нов фудбалер на кинескиот Пекинг Гуан