Пет лица од кои две деца се повредени во сообраќајка што се случи вчера во скопската населба Горно Лисиче. Во несреќата учествувале Форд“, управуван од А.К.(24) од Скопје и „фиат“, управуван од С.К.(33) од Скопје.
– Возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.