Поради бакнеж прикажан на телевизија во Иран изби скандал

Иранската државна телевизија им се извини на гледачите затоа што накратко прикажа пар додека се бакнува, објавија локалните медиуми. Телевизијата Насим прикажа млад пар како се бакнува неколку секунди додека минува пред камера поставена во парк.

Сцената беше дел од емисијата „скриена камера“.

Телевизијата се извини за „грешка која произлегла од невнимание на продукцискиот тим, се вели во соопштението објавено од агенцијата Исна.

Во Иран, секој физички контакт меѓу маж и жена е забранет на државната телевизија.

Претходна вестПет лица од кои две деца, повредени во сообраќајка во Скопје
Следна вестПолицијата во скопски Чаир ги пронајде Мелиса и Аниса