Полицијата во скопски Чаир ги пронајде Мелиса и Аниса

Полцијата ги пронајде двете тинејџерки Мелиса (15) и Аниса (12) кои од четвртокот биле пријавени за исчезнати. Двете девојчиња биле пронајдени во скопската населба Чаир.

– Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле, информираат од МВР.

По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите.

Претходна вестПоради бакнеж прикажан на телевизија во Иран изби скандал
Следна вестМицкоски: Би прифатиле уставни измени по примерот на Хрватска, еден народ и останатите малцинства