Мицкоски: Би прифатиле уставни измени по примерот на Хрватска, еден народ и останатите малцинства

Ако власта смета дека формулата за успех за уставни измени е по примерот на Хрватска каде државата е на еден народ и останатите малцинства, ВМРО-ДПМНЕ одма тоа ќе го прифати. Ова го изјави лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментирате тезите на СДСМ и ДУИ дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници.

-Па не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според преамбулата во Хрватскиот Устав, еве јас сум подготвен ако е тоа формулата за успех уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе, еве ако сакаат уште утре да ја отвориме преамбулата на Македонскиот Устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк само да не се каат после тоа, да не речат некои други етнички заедници, а не било баш така како што тие кажуваат. Инаку ако сакаат еве според преамбулата во Хрватскиот Устав веднаш, не знам дали ја прочитале, не знам дали виделе или така на памет само си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ одма прифаќаме, таква уставна измена прифаќаме, рече Мицкоски.

Мицкоски упати повик до граѓаните и сите оние кои што се против оваа Влада на ДУИ, поддржана од како што рече малцинскиот коалиционен партнер СДСМ, да се обединат околку коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПолицијата во скопски Чаир ги пронајде Мелиса и Аниса
Следна вестСемејство обвини дека нивен член починал поради доцнење на лекарите