Првиот ден од викендот ги опушти возачите: Од 197 казнети, 93 возеле пребрзо

Вчерашниот прв ден од овој априлски викенд донесе бројни казни за пребрзо возење. Дел од возачите очигледно премногу се опуштиле не водеќи сметка за ограничувањето на брзината на 50 километри на час.

-Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, соопшти денеска полицијата.

Имало и шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се и пет мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестПрва гостинска победа за МЗТ, опстанокот во АБА-лигата станува реалност
Следна вестМобилизација во Израел: Еден загинат и повеќе повредени во терористички напад во Тел Авив