Талентираните средношколци ќе се претставуваат на Средноленд

Во организација на ЈУ Универзална сала, а иницирано од професори и ученици од средните училишта на Град Скопје, годинава за првпат ќе се одржи средношколски настан – „Средноленд“.

Повеќедневниот настан ќе се одвива од 2 до 6 мај, на неколку локации во градот – Плоштад Македонија, КИЦ, МКЦ и Градски парк – Школка.

Настанот цели кон промоција на талентираните средношколци, кои ќе се претстават себеси и училиштата преку музика, танц, ликовна уметност, драмска уметност, фотографија и филм.

-Целта е да ги насочиме учениците кон вистинските вредности, развивајќи интерес кон уметноста и културата, и да го приближиме светот на средношколците до јавноста, преку приказ на нивните таленти и нивните интереси, поставувајќи темел за соработка меѓу училиштата и меѓуинституционална поддршка, велат организаторите.

На настанот ќе учествуваат скопските гимназии „Никола Карев“, „Георги Димитров“, „Орце Николов“,  „Јосип Броз Тито“ и  „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Претходна вестТројца скопјани искасани од кучиња во Аеродром, Бутел и Кисела Вода
Следна вестССМ со повик за Првомајски протест: Да ги спречиме намерите и лошите владини политики