Христијан Мицкоски со своето дејствување прави се за да го копира неговиот ментор, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски. И Мицкоски исто како Груевски дејствува на штета на интересите на граѓаните и државата и важни му се само личните интереси. Мицкоски исто како неговиот ментор Груевски се заканува кон политички неистомисленици, шири лажни вести и ја вознемирува јавноста со црни сценарија. Мицкоски исто како Груевски сака државата да уназадува, да биде изолирана и скарана со сите соседи. Мицкоски, под заложништво на Димитар Апасев и Левица, е Груевски од Али Експрес, лоша копија на една режимска, насилничка матрица, се вели во соопштението од СДСМ.