Приведен арачиновец, пронајдени огревни дрва без документација

Вчера, на 05.05.2023 во 18.30 часот во населба Илинден – Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Ќ.С.(39) од с.Арачиново, скопско. Тој бил затекнат како со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки превезува огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Претходна вестСДСМ: Мицкоски е Груевски од Али Експрес
Следна вестПретрес во Куманово, приведени двајца дилери, пронајдена дрога