Претрес во Куманово, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

Вчера, на 05.05.2023 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода И.М.(47) и Б.И.(46), двајцата од Куманово.

При претрес во домот на И.М., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Б.И., биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, кокаин, марихуана, предмет со остатоци од смолеста материја и други предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Претходна вестПриведен арачиновец, пронајдени огревни дрва без документација
Следна вестСамостојниот синдикат на просветните работници на Србија најави протест за понеделник