Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија најави протест за понеделник

Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) најави протестен собир „Стоп за насилството“ за понеделник, 8 мај, пред Министерството за образование во Белград.

-Протестот се организира со цел да се повикаат Владата на Србија и Министерството за образование да направат суштински, не само козметички, промени за конечно да се запре растечкото насилство во општеството и образованието, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.

Тие побараа разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ, како и измени на Кривичниот законик и Законот за основите на образовниот систем.

Претходна вестПретрес во Куманово, приведени двајца дилери, пронајдена дрога
Следна вестЗапочна церемонијата на крунисување на Чарлс Трети