Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека во последните три дена граѓаните предале вкупно 8.500 парчиња разновидно оружје, 784 мини и експлозивни направи, меѓу кои бомби, како и 398.450 парчиња муниција од различен калибар.
Тој најави дека со децата во училиштето кои преживеале траума ќе разговараат психолози и психијатри, а ќе бидат ангажирани 150 психолози и психијатри „да им помогнат да ги надминат проблемите по страшните масакри“.
Според одлуката на Владата на Србија, од 8 мај до 8 јуни граѓаните можат без последици да го предадат нелегалното оружје.