Денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија.
Минималната температура ќе се движи од 7 до 13 степени, а дневната од 14 до 18 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе изнесува 12. а максималната дневна до 18 степени,
Од утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде во пораст и до петок ќе достигне 28 степени.