По вчерашните немири ноќта на северот на Косово помина мирно, пренесува телевизијата „Н1“. Повеќето луѓе сѐ уште се во Лепосавиќ пред зградата на општинската управа, а главната причина е што новиот градоначалник е во таа зграда повеќе од 24 часа.
Во Звечан, каде вчера имаше конфликт, утрово е мирно и има помалку луѓе од вчера. Насобрани луѓе има и во Зубин Поток, а силни безбедносни сили сѐ уште ги чуваат овие објекти.
Градоначалниците на Звечани и на Зубин Поток порачаа дека денеска нема да се појават на работа.