Хаос на македонско-грчката граница, шест колони и километарски застој

Колони од возила има од последната бензиска пумпа близу границата па се до терминалите за проверка. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд, на македонско-грчката граница, пишува Макфакс.  Ниту тоа што се отворени скоро сите терминали и има шест колони не е доволно за гужвите да се намали.

Според АМСМ се чека еден час за да се помине границата и да се влезе во Македонија. Додека за излез, возачите сведочат дека чекаат и повеќе.

Голем број граѓани се упатија на море за да побегнат од топлотниот бран што ја зафати Македонија.

Претходна вестЕдно лице загина во сообраќајка во близина на Битола
Следна вестЗошто полицијата не успева да ги скроти здивените возачи низ Скопје?