Едно лице загина во сообраќајка во близина на Битола

Едно лице е загинато во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во близна на Битола. Според првичните информации, до незгодата дошло откако се судриле патничко возило и камион кај местото наречено „Кукречанска раскрсница“.

-Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин, потврдија од СВР-Битола.

Се очекува во текот на денот детална информација за причините за тешката сообраќајна несреќа.

Претходна вестИма ли место во Скопје каде се гради навистина плански и хумано?
Следна вестХаос на македонско-грчката граница, шест колони и километарски застој