Водата за пиерње што ја користат граѓаните на Скопје е добра за пиење, покажува и најновиот извештај на Јп „Водовод и канализација“.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.07.2023 до 21.07.2023 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се наведува во соопштението.
Секторот за санитарна контрола е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.