Автомобил удрил во ограда и се превртил, на неколку километри пред граничниот премин „Богородица“

МВР излезе со официјални информации за превртеното возило на неколку километри пред граничниот премин „Богородица“. Според полицијата, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола и удрил во ограда.

– Денеска околу 08.20 во СВР Струмица е пријавено дека на автопатот А1 после тунелите кон клучка Миравци, патничко возило „цитроен Ц5“ со босански национални ознаки, излегло од коловозот, удрило во заштитната ограда и се превртело на патот. Лицата од возилото се пренесени во медицинска установа, но досега не се пријавени констатирани повреди, информираат одМВР.

Од полицијата велат и дека увидот се уште трае.

 

 

 

 

 

Претходна вестПревртено возило на дваесетина километри од македонско-грчката граница
Следна вестКурти: Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија