Косовскиот премиер Албин Курти за „Вечерњи лист“ изјави дека на српскиот претседател Александар Вучиќ му пречи демократијата, а Косово не се вооружува затоа што се плаши од Србија, туку е на готовс поради српските воени бази, пренесува „Косово онлајн“.
Косовскиот премиер наведува дека на северот на Косово имаат мирни и добри денови секогаш кога нема наредба од Белград за насилство.
-Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија, но криминалците во Србија живеат многу подобро отколку во Косово. Гледате дека протестите на Вучиќ на Косово се насилни, а протести против Вучиќ во Белград нема. Животот на Србите во Косово им го отежнува Белград, кој не им дозволува да се интегрираат, вели Курти.