Темен режим Режим на светлина

Кров падна врз автомобил во Скопје, возачот повреден

Млад возач од скопската населба Ченто завршил во болница, откако паднал кров врз неговиот автомобил, додека го управувал, при што се здобил со повреди, информира градоначалникот на Гази Баба, Боби Стефковски.

Тој како што вели градоначалникот е единствениот повреден при вчерашното невреме и е пуштен на домашно лекување.

– Штотуку разговарав со младиот Јусуф од Ченто кој попладнево за време на невремето е повреден од падот на покривот на една зграда врз неговото возило со кое тој управувал.

Јусуф бил во болница, санирани му се повредите и е пуштен на домашно лекување.

Му посакувам на Јусуф брзо закрепнување. Среќен сум што Јусуф е единствениот наш жител кој е повреден во невремето, а во останатите случаи се работи исклучиво за материјална штета, информира Стефковски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Курти: Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија

Следна објава

МВР со детали за сообраќајка кај Битола: Возачот на „опел корса“ изгоре по сударот со „сканиа“