Темен режим Режим на светлина

Пет илјади Кубанци поминале низ Македонија, за 9 000 евра од човек биле префрлани во Шпанија

Низ Македонија поминале околу 5 илјади мигранти од Куба. Тие преку Србија и нашата земја влегувале во Грција а оттаму по морски пат во Шпанија.

Полицијата на пет европски земји го прекина синџирот на шверцери на луѓе кои по цена од 9 000 евра по човек префрлиле 5 000 кубански мигранти во Европа, преку Србија и Грција. Како што наведува Европол во денешното соопштение, крајната дестинација на тие луѓе била Шпанија.

Кај осомничените била пронајдена поголема количина фалсификувани документи што ги користеле мигрантите. Тие влегувале легално во Србија, потоа преку Македонија, шверцерите ги префрлиле во Грција, а потоа во Шпанија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Над 6.000 активни фирми без фискален систем, следуваат контроли од УЈП

Постигнат договор: Вработените во УЈП следната плата ќе ја земат со 30 процентно зголемување

Следна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Девет лица повредени во тешка сообраќајка кај Раброво, валандовско