Home АКТУЕЛНО Кај 15-годишник пронајдени осум украдени велосипеди

Кај 15-годишник пронајдени осум украдени велосипеди

0
Кај 15-годишник пронајдени осум украдени велосипеди

Осум украдени велосипеди биле пронајдени кај малолетник во Кавадарци. Тој бил уапсен.

Вчера попладне, во 14 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди, кои не се од ист бренд, а за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во периодот од 28.6. до 4.9.2023, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.