Повторно прегазен пешак во Скопје, возачот побегнал

26 годишник бил прегазен вчера на крстосница. При сообрќајката тој се здобил со тешки телесни повреди, а возачот побегнал.

– На 05.09.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Манџуков“ и сервисна улица што ја поврзува улицата со ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М.А.(26) од Скопје и го напуштило местото, информира МВР.

По несреќата, М.А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестМалолетник нападнат од неколку лица во Тетово
Следна вестЕвтината струја од 1 декември ќе имаат само оние граѓани кои ќе дозволат сетирање на нова тарифа