Две жени биле каснати од кучиња скитници во Скопје. Жените биле каснати во наслебите Кисела Вода и Карпош.
– Вчера попладне, во 16.45 часот, во Полициската станица Кисела Вода, 20-годишната И. Б. од Скопје пријавила дека на улицата Пушкинова била касната од куче скитник, извести МВР. Истиот ден, во 14 часот, во Полициската станица Карпош, 64-годишната Ф. С. од Скопје пријавила дека во населбата Влае во Скопје била касната од куче скитник, додадоа од МВР.