Британските научници се сè поблизу до откритие, гориво за живот во вселената

Според британските научници, тие се сè поблизу до тоа да откријат нови извори на енергија кои би можеле да им овозможат на астронаутите да останат подолго на Месечината. Истражувањето е поврзано со програмата „Артемис“ на НАСА, пишува „Би-би-си“.

Научниците од Универзитетот Бангор дизајнирале нуклеарни ќелии, со големина на семе од афион, кои можат да произведат енергија потребна за одржување на животот на Месечината.

Проф. Сајмон Мидлбург, експерт за нуклеарни материјали и горива од Универзитетот Бангор, истакнува дека работата на овој проект била голем предизвик, но истовремено и забавна. Тој додаде дека целосно ќе тестираат нуклеарно гориво во следните неколку месеци.

Месечината е богата со различни ресурси кои се неопходни за развој на современи технологии. Многу научници веруваат дека во иднина тоа би можело да биде потенцијална база за лансирање на други планети.

На некои делови од Месечината температурите се спуштаат до минус 248 степени Целзиусови, бидејќи нема атмосфера која би ја зачувала топлината.

Вселенската технологија напредува со брзо темпо, а од „Би-би-си“ имале ексклузивен пристап до лабораторијата на Институтот за нуклеарна иднина на Универзитетот Бангор.

Тимот од Бангор, кој е светски лидер во областа на горивата, работи со партнери како Ролс-Ројс, Вселенската агенција на Обединетото Кралство, НАСА и Националната лабораторија Лос Аламос во САД.

Универзитетот Бангор ја предводи потрагата по модел за производство на енергија и топлина за одржување на животот на Месечината или на друга планета во Сончевиот систем.

Претходна вестПет метеори, ќе поминат блиску до Земјата
Следна вестДве жени биле каснати од кучиња скитници