Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата, среде неговата „чудна“ презентација за „третиот свет“ и неговиот разговор со кинескиот премиер Ли Чијанг. Бајден одговараше на голем број прашања за време на посетата на виетнамскиот главен град Ханој, пред да им каже на новинарите дека „оди во кревет“.
Потоа, сепак, продолжи да одговара на дополнителни прашања, вклучувајќи ги и оние за разговорот што го имаше со кинескиот премиер на самитот на Г-20 во Индија.
– Воопшто не беше конфронтација. Зборувавме да се осигураме дека третиот свет… хм, хм, јужната хемисфера има пристап до промени… рече Бајден.
Потоа продолжи да мрмори, но портпаролката на Белата куќа изјави „со ова завршува прес-конференцијата“.
Откако се обиде да одговори на уште едно прашање, Бајден се сврте и излезе од сцената.
Прес-конференциите на Бајден обично ги водат неговите помошници, а претседателот одлучува кој новинар ќе го постави прашањето.
.