Темен режим Режим на светлина

Македонски и српски државјани пренесувале над 21 килограм злато, уапсени во Солун

Двајца македонски и двајца српски државјани биле уапсени во Солун откако во возилата со кои се превезувале биле пронајдени накит и осум прачки, веројатно златни, а сопствениците не можеле законски да го оправдаат поседувањето. Големата количина накит и осумте златни прачки, со вкупна бруто тежина од 21.475 грама биле откриени, при патрола на полицајци во Солун, во две возила, едното со македонски, другото со турски регистарски таблици.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, уапсени се двајца државјани на Северна Македонија, едниот на 72, другиот на 36-годишна возраст и двајца 37-годишни државјани на Србија, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, запленети се возилата и мобилните телефони, полицијата ќе го истражи потеклото на накитот и златото.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нов гаф на Бајден, нешто промрмори па рече „Одам во кревет“

Следна објава

„Звукот на Скопје“ в петок на плоштад „Мајка Тереза“ и парк „Ибни Пајко “