Две жени биле каснати од кучиња скитници

Две жени биле каснати од кучиња скитници во Скопје. Жените биле каснати во наслебите Кисела Вода и Карпош.

– Вчера попладне, во 16.45 часот, во Полициската станица Кисела Вода, 20-годишната И. Б. од Скопје пријавила дека на улицата Пушкинова била касната од куче скитник, извести МВР. Истиот ден, во 14 часот, во Полициската станица Карпош, 64-годишната Ф. С. од Скопје пријавила дека во населбата Влае во Скопје била касната од куче скитник, додадоа од МВР.

Претходна вестБританските научници се сè поблизу до откритие, гориво за живот во вселената
Следна вестДивиот паркинг зад Народната банка се уредува за 250 автомобили