Дивиот паркинг зад Народната банка се уредува за 250 автомобили

Се проширува и уредува дивиот паркинг зад Народната банка со цел на него да се обезбедат 250 места за автомобили. Проектот го изведува Општина Центар, а во тековната фаза се гребе стариот и испукан асфалт и се проширува паркингот на околу 3000 метри квадратни.

– На целиот простор ќе биде вградена нова асфалтна маса дополнително овој паркинг простор ќе биде обележан согласно сообраќајниот проект на Паркинзи на Општина Центар. Ги замолуваме граѓаните за трпеливост за време на извршувањето на овие градежни активности со цел предвидените активности да завршат во предвидениот рок од 30 дена, изјави денеска градоначалникот Горан Герасимовски.

По површните инфраструктурни зафати Јавното Претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ ќе ги обележи паркинг местата со цел да има ред во паркирањето и ќе постави инфо обележје за корисниците на паркингот. Овој отворен паркинг главно го користат вработени од институциите и околните претпријатија.

Претходна вестДве жени биле каснати од кучиња скитници
Следна вестСледната недела прв фестивал за миленици во Скопје