18-годишник од селото Љубин уценувал малолетничка да му прати фотографии со експлицитна содржина. А откако му ги пратила сликите, тој ги препратил на нејзините најблиски и на соучениците.
– Полицијата поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од с.Љубин, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за „прикажување на порнографски материјал на малолетник” и „производство и дистрибуција на детска порнографија”. Во текот на јануари 2023 година, пријавениот уценил малолетничка да му прати фотографии со експлицитна содржина за да не каже на нејзините родители за нивната љубовна врска. А откако му ги пратила сликите, тој ги препратил на нејзините најблиски и на соучениците, објави МВР.