Сончево со умерена облачност

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. УВ=6

Утринската температура се движеше од 12 до 18 степени, а дневната ќе биде од 21 до 30 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Температурата изутрина беше 17,а  преку ден ќе достигне 30 степени.

 

 

Претходна вестМладо момче уценило малолетничка да му испрати експлицитни фотографии, па ги споделувало
Следна вестМакедонија го слави Денот на независноста – 32 години самостојна и суверена држава