Израелската војска објави „потерница“ по лидерот на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИДФ), на своите официјални социјални мрежи објавија видео на кое се гледа првиот човек на Хамас, Јахја Синвар, личност на израелската „листа за отстрел“. Во кратко видео, ИДФ прикажа делови од говорите на Синвар во кои се споменува борбата на Хамас против Израел.

– Убиец баран од израелските безбедносни служби. Јахја Синвар е лидер на Хамас во Газа. Синвар е против дипломатските врски со Израел. За него геноцидот е единственото решение. Идеологијата на Хамас ги одразува намерите на ИСИЛ и Ал Каеда. Синвар активно работеше на бројни напади на територијата на Израел, соопшти ИДФ.

Пред неколку дена портпаролот на израелската армија зборуваше за Синвар и рече дека ИДФ има специјална задача да го убие Синвар.

– Како де факто владетел на Газа, Синвар е највисокиот функционер на Хамас во Газа. Тој е најмоќниот лидер од Исмаил Ханије, а ја презеде функцијата во 2017 година, пишува Бизнис инсајдер.

Во 2015 година, американскиот Стејт департмент го прогласи Синвар за терорист.

Израелските власти, и во опозицијата и во власта, го опишаа Синвар како „новото лице на злото“.

Претходна вестСубвенции од по 500 денари за кубик дрва за жителите на Кисела Вода
Следна вестЗелен хуман град: Шест итни мерки за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје