Темен режим Режим на светлина

Субвенции од по 500 денари за кубик дрва за жителите на Кисела Вода

Кривична пријава за кражба на огревни дрва во Прилеп Кривична пријава за кражба на огревни дрва во Прилеп

Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев. Од денеска, во наредните пет дена жителите на Општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 1 април годинава,  можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари за секој купен метар кубен  дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри. Заедно со останатата потребна документација треба да се достави доказ – потврда, испратница или официјален документ кој го потврдува купувањето на дрва за огрев.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, исплатата ќе се врѓи по прицнипот прводојден, првоусложен, се до исполнувањето на финансиските средства, обезбедени од Буџетот на Општината во висина од 1.200 000 денари.

Јавниот повик заедно со потребната документација е достапна на веб – страната на Општина Кисела Вода, на следниот линк: https://kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Oglas5434.pdf

Општина Кисела Вода потсетува дека и, покрај субвенциите за огревно дрво, обезбедува  финансиска поддршка за печки за пелети, односно, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на Општината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Од ноќеска на полноќ: Дизелот поскапува за еден денар, поевтинуваат бензините

Следна објава

Израелската војска објави „потерница“ по лидерот на Хамас