Време е еднаш засекогаш да се каже – Доста. Ова го пишува академик Љупчо Коцарев во својата денешна колумна објавена во реномираниот весник „Нова Македонија“. Ви пренесуваме делови од текстот на претседателот на МАНУ кој има наслов „Македонските маратонци го трчаат последниот круг“:
-Двете алтернативи – прво избори, па уставни промени, или прво уставни промени, па избори, за нас, Македонците, се неправедни, нечовечки, понижувачки и беспредметни. Единствено решение е определбата: никогаш уставни промени или уставни промени само како полноправна ЕУ-членка. Објаснувањето е толку едноставно што сите ќе го разберат – неупатените, неутралните, младите, возрасните, партиски определените граѓани и партиски неопределените граѓани, со еден збор: СИТЕ. Сето друго е лага, манипулација, грозоморно предавство.
-Aко другата страна, во овој случај Република Бугарија, не ги признава македонскиот јазик, историја и идентитет, независно од постоењето на бугарскиот јазик, историја и идентитет, тогаш прашањата: дали треба воопшто да се водат разговори, усогласувања со таа страна, дали треба да се потпишуваат разновидни и недостојни договори за пријателство, добрососедство и соработка, и дали треба да се менува Уставот на Македонија по барање на другата страна, зарем не ви се чини дека се бесмислени, нелогични и неправедни? Зар тоа е пријателство, добрососедство и соработка? Дали, можеби, во таков случај, единствено решение за Македонија е раскинувањето на Договорот со Бугарија?
-Ќе повторам уште еднаш, за да нема недоразбирање: ако страната со која се разговара, преговара, усогласува вели дека ние не сме Македонци, а рамковната позиција го прави токму тоа, што ни преостанува нам: да преговараме или, конечно, еднаш засекогаш, да речеме: ДОСТА. Тоа не се ниту рамноправни преговори, ниту разговори, туку потпишување безусловна капитулација. Сè има свој почеток и свој крај, а ова е крајот, ова е дното на сите дна и време е да кажеме: ДОСТА. Како е можно воопшто да ПОМИСЛИМЕ за преговори, да ПОМИСЛИМЕ за потпишување Договор за пријателство, добрососедство и соработка, да ПОМИСЛИМЕ или да САКАМЕ да ги внесеме во Уставот на Република Македонија оние што нас нè негираат, нè одрекуваат, оние што за нас велат: НЕ СТЕ МАКЕДОНЦИ. Приказните и ветувањата дека треба само да го смениме Уставот и да ги почнеме преговорите, а потоа сè ќе се среди и со магично стапче сите уцени на Република Бугарија ќе исчезнат, а Македонија ќе влезе во ЕУ до 2030 година, се приказни за мали деца или за наивни будали. Или, што е и најверојатно, имаат единствен лукративна повеќеслојна заднина, потенцира Коцарев.
Toj во колумната порачува и две работи…
Целиот текст на академикот може да го прочитате ТУКА.