Берев шумски плодови, излегов по дренки кога ме нападна, ме турна на земјата. Викав помош оти нозете не ми мрдаа, мечката ме турна и ме гризна кај ребрата“, рече, меѓу другото, повредениот Минче Рамчески од с. Пласница, кој, како што рече, први помогнале ловците и го однеле на доктор.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) претходно соопшти дека ловџии спасиле возрасен маж од мечка, која го нападнала, а повредениот човек го посети директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
– Во текот на вчерашниот ден помеѓу селата Пласница и Ораоец, во општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, кој бил спасен од ловџии, кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот. Кога ги слушнале повиците за помош, испукале неколку истрели во воздухот по што мечката побегнала. Нападнатиот маж беше многу преплашен. Доби телесни повреди од нападот, соопшти ЦУК.