Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, а цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе биде 82,00 денари за литар. Цената на Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе биде 81,50 (денари/литар), на ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,00 (денари/литар), а на Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар) и на Мазутот М-1 НС – 47,174 (денари/килограм).