Негувателка им давала на децата да користат електронска цигара, заработи кривична

Поднесена е кривична пријава за негувателката од Велес која на децата им давала да пробаат електронска цигара.

– Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара.

Претходна вестТинејџер крадел велосипеди во скопски Аеродром
Следна вестПроменливо облачно со сончеви периоди