Лазаров ги собра репрезентативците, има мали промени

Се собраа ракометните репрезентативци на Македонија по повикот на селекторот Кире Лазаров. Сето тоа е пред пријателските натпревари против Грција кои се играат во петок и сабота во Солун.

Лазаров направи извесни промени на составот за разлика од претходните мечеви. Повратник е Никола Костески кој е на местото од Гоце Георгиевски, а и пикерот на РК Вардар, Милан Лазаревски е меѓу повиканите. На собирот недостасуваа Никола Митревски и Филип Кузмановски кои поради клупските обврски ќе задоцнат.-Повикав 22 ракометари за двата натпревара во ЕХФ-неделата во која ќе немаме официјален меч, туку ќе играме пријателски дуели и ќе ја искористиме максимално оваа недела и за тренинзи. Мислам дека ракометарите како Милан Лазаревски го заслужува повикот, тој покажа одлични игри на квалитетни натпревари од квалификациите за Европската лига, како и во домашното првенство. Тука е и постариот Костески, кој е најдобар стрелец во чешкото првенство, а знаеме дека Чешка е ракометна нација и мислам дека заслужува шанса на местото на легендарниот Гоце Георгиевски. Сакам да тестирам уште неколку ракометари, затоа списокот е подолг, но ќе биде скратен на 17-18 или 19 идеални ракометари за ЕП, истакна Лазаров.
 

Македонските репрезентативци во четврток ќе отпатуваат за Солун, а двете пријателски средби се во петок и сабота.

Претходна вестИзраелската војска влезе во тајните тунели на Хамас
Следна вестЖена прегазена во центарот на Скопје