Две лица ќе добијат пријави за незаконска наплата на паркинг кај поликлиниката Бит Пазар

Две лица се затекнати како незаконски наплатуваат паркинг кај поликлиниката Бит Пазаер во Скопје, соопшти МВР.

Денеска во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности” по чл.225 и кривично дело „бесправно градење” од чл.244-а од КЗ.

-По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје, најави полицијата.

Претходна вестПочина и втората жена по семејното труење со пита во Скопје
Следна вестМицкоски: Добивме нови документи и сознанија за случајот Онкологија