Поранешната министерка Јанкуловска од денеска е на слобода

По три години и еден месец, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, од денеска е на слобода, односно излезе од затворот „Идризово“. Излегувањето од затвор е со условен отпуст по одлуката донесена од Апелација и нема да се врати ако до идниот октомври не направи ново кривично дело.

– При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските што произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина, во која имала максимално пријателски односи со другите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, велат од Апелација.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше упатена во КПУ „Идризово“ за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк“ во септември 2020 година.

Претходна вестСо автомобил удрил во карпа, сообраќајка на патот Макеоднска Каменица – Кочани
Следна вестБугарската такса за рускиот гас за 20 отсто ја поскапува струјата во Македонија?