Запалено „aуди“ најдено во Бојане, се користело за нападот врз Штекли?

Запалено возило е пронајдено  на стариот пат за селото Бојане, минатиот вторник, за кое полицијата се сомнева дека е искористено за бегството на егзекуторот кој го застрела Раде Трајковски – Штекли во Ист Гејт Мол, дознава Телма од истрагата за случајот. Возилото од марката „ауди А4“ било пронајдено во саботата вечер, целосно опожарено, паркирано без возач и на лице место.

Регистарските таблици биле со ознаката на градот Тетово. По извршените проверки, како што јавува Телма, констатирано е дека регистарските таблици се од друго возило.

Селото Бојане се наоѓа на периферијата на Скопје и на патот кон Тетово и спаѓа под општина Сарај.

Нападот врз Штекли се случи на 24 октомври околу 15 часот. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се работи за пресметка на кланови.

Претходна вестПрво ја претепал девојката, а потоа и се заканувал со нож
Следна вестОблачно со локални врнежи од дожд