Јавно обвинителство: Доказите за Онкологија се обезбедени, кој има дополнителни има обврска и да ги пријави

Во рамки на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, со барање од 13 септември 2023, Основното јавно обвинителство Скопје ги обезбедило сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување, за финансиското работење на Клиниката, за периодот 1 јануари 2015 – март 2023 година.

-Нов тримесечен извештај, за периодот до јуни 2023 година, согласно информациите добиени од Фондот, е во финална фаза на изработка и веднаш потоа ќе биде доставен до Обвинителството. Нагласуваме дека до овој момент воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица, информира државното Јавно обвинителство.

Посочува и дека предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле.

-Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи, наведува ЈОРСМ во соопштението.

Претходна вестОблачно со засилен ветер и дождови
Следна вестМакедонија годинава е на 67-то место од 142 земји според индексот на владеење на правото