Одличен концерт имаше синоќа во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје. Во полниот храм настапи хорот на „Првото белградско пејачко друштво“.
Богатиот репертоар на хорот со врвни дела од познати автори од областа на православната духовна музика имаа можност да го слушнат многу свештеници на МПЦ-ОА како и на верници кои со долготрајни аплаузи го наградуваа одличниот настап на аматерскиот хор од соседна Србија. За крај, тие изведоа и една македонска народна песна.
Инаку, хорот постои веќе 170 години и својата препознатливост надвор од регионот ја добил за време на триесетгодишното творештво на српскиот комозитор Стеван Мокрањац кој бил и диригент и уметнички директор на пејачкото друштво.
На концертот присуствуваше и архиепископот г.г. Стефан. Хорот денеска ќе настапи во Охрид, а утре во Битола.