Во последните 24 часа пријавени се три случаи на каснувања од кучиња скитници во главниот град.
Првиот случај е забележан во 10.25 часот во Полициска станица Центар каде Ј.С.(21) од Скопје пријавила дека во круг на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.
Исто така вчера, во 12.00 часот во Полициска станица Центар В.В.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Јордан Мијалков“ бил каснат од куче скитник.
Третиот случај според извештајот на МВР е пријавен во 12.45 часот во Полициска станица Аеродром Н.Ѓ.(21) од Кочани пријавил дека на ул.„23 Октомври“ бил каснат од куче скитник.