„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

Полициски службеници од повеќе организациони единици од Секторите за внатрешни работи Битола и Штип вчера реализираа превентивни активности на теми кои што како таргет групи ги имаа возачите и децата од основните училишта, соопшти МВР.

-Така, во рамки на СВР Битола во неколку училишта на подрачјето на Битола, Македонски Брод и Демир Хисар беа реализирани превентивни едукативни работилници под мотото „Кажи не на дрогата, да на животот“, а дополнително внимание се посвети и на злоупотребите преку социјалните мрежи, се наведуав вос оопштението,

На подрачјето пак на СВР Штип, на повеќе патни правци во и околу Штип, Пробиштип и Кочани беа спроведени активности во пресрет на почетокот на сезоната на задолжително носење зимска опрема во возилата којашто започнува од денес (15.11.) и ќе трае до 15.03. 2024 година.

Претходна вест30 ноември неработен ден за администрација и училишта поради министерскиот состанок на ОБСЕ
Следна вестВладата со поддршка за проектот „Воведување брз автобуски превоз во Скопје“