Ќерка на поранешен албански министер е загинатата девојка во сообраќајката кај Ласкарци

Ева Таво, ќерка на Ванѓел Таво, поранешен пратеник и поранешен министер за здравство во Албанија, е загинатата девојка на автопатот „Мајка Тереза“ во реонот на селото Лласкарце. Веста на Фејсбук ја потврди самиот Таво.

– Ова се најтешките зборови што сум ги напишал во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавата возраст, каква што беше и самата. Погребот ќе се изврши во четврток на 30 ноември во 11:00 часот во Јоргукат, Ѓирокастро, напиша Ванѓел Таво.

Веста ја потврдија и од МВР.

– На 28.11.2023 година во 14:00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во правец од Тетово кон Скопје, во реонот на село Лласкарце, патничко возило „Ауди“ со Албански регистарски таблички, кој го управувал албанскиот државјанин В.М.(40), излетал од патот. Од здобиените повреди во незгодата на лице место починала сопатничката Е.Т.(24) од Р.Албанија, додека лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт. Во меѓувреме, возачот на В.М е тешко повреден, соопшти  МВР.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Коцкарски бизниси од милиони евра за Груби, милионски соларни панели за Ковачевски, а за народот илјадарче-две
Следна вестПочинато бебе донесено во болница во Неготино – ќе се прави обдукција